За нас

E-voucher, како идеа, потекнува всушност од реалната потреба на компаниите. Станува збор за Software што овозможува комплетно менаџирање со ваучери од секаков вид и наменети, пред сè, за реализација на маркетинг целите на Вашата компанија. Нашиот проект Ви овозможува сами да креирате и издавате ваучери од различен вид, а истовремено да имате целосен преглед на веќе издадени, реализирани, истечени или валидни ваучери.

Често се случува крајните потрошувачи да се најдат во ситуација поради различни причини да не може да го реализираат својот ваучер. Тоа кај потрошувачите создава непријатно чувство и креира недоверба кон компанијата што го издава ваучерот. Со цел елиминација на ваквите несакани ситуации, а од друга страна задоволување на потребите на компаниите што сериозно вложуваат во маркетинг и промоција на своите производи и услуги, создадовме Software за целосно менаџирање со ваучери. Креиравме една интересна маркетинг алатка, што ќе ја олесни реализацијата на маркетинг планот на Вашата компанија.

 

E-voucher може автоматски да се надгради на on-line веб сајтовите кои вршат продажба на производи и услуги.